Мексиканска тинејџерка изгледа како готова да заплаче откако на нејзината роденденска забава се појавиле илјадници луѓе. На видео поканата на Фејсбук која ја објавиле нејзините родители одговориле милион луѓе, кои означиле дека ќе присуствуваат на прославата на нејзиниот петнаесетти роденден на 26 декември. И, иако од тие милион луѓе само мал дел дошол во смалото село Ла Хоја во Мексико, сепак и тие биле премногу за Руби и нејзиното семејство.

Тие просто не можат да го симнат тажниот израз од нивните лица откако толпата непознаници практично им го запоседнаа денот кој требаше да им биде посебен, и тоа само затоа што заборавиле на Фејсбук да го означат настанот како приватен.

„До сите кои дојдовте, ве молам не очајувајте бидејќи навистина сме премногу и се трудиме како да ги забрзаме нештата“, напишала Руби на Фејсбук. „Барам само малку трпени за сите да можеме да уживаме во забавата која беше приредена за сите вас.“

Прославувањето на петнаесеттиот роденден (Quinceañera) во латиноамериканските земји е посебен настан, бидејќи според традицијата на таа возраст девојката од дете станува жена.

rd01 rd02 rd03 rd04 rd05 rd06 rd07 rd08 rd09 rd10 rd12 rd13 rd14

Сподели на Facebook
пати видено