9-годишниот Моше Сасонкин од Њујорк бил дијагностициран со тежок случај на менингитис на само шест месеци. Тој и неговите најблиски мислеле дека тој никогаш нема да има можност да оди, а камоли да трча откако лекарите одлучиле да му ги ампутираат рацете и нозете, за да му го спасат животот.
Моше за прв пат почнал да оди на 6-годишна возраст, кога од „Протетика во движење“ го опремиле со првиот пар на вештачки нозе во 2015 година. Но, бидејќи Моше повеќе не бил задоволен само со одење, во јуни се вратил во нивното седиште во Менхетн, за да му дадат понов и побрз модел.
Од „Протетика во движење“ му направиле посебни вештачки нозе, на кои Моше многу брзо се навикнал и како што велат неговите најблиски „сега не можат да го смират“. На видеото се гледа како 9-годишното момче за прв пат трча со неговите нови нозе, а среќата на неговото лице не може да се опише.
Емили Греј, дел од тимот на „Протетика во движење“ изјавила: „Кога првпат ја виде протезата, тој се колебаше. Го научивме како да ѝ верува на протетиката и тогаш тој се вклучи. Потоа почна да трча и да трча по ходникот. Тоа сигурно беше посебен момент за Моше, неговото семејство и целиот персонал на Протетика во движење. На него толку многу му се допаднаа што ги зема со него во камп, каде што им покажал на сите негови пријатели колку брзо може да трча.“