Домашен негувател е фатен на камера како ја малтретира 79-годишната жена за која бил задолжен да се грижи на Божиќ.
Старицата со хендикеп од градот Џинхуа во источна Кина, се обидува да застане на нозе откако паднала во нејзиниот дом. Негувателот наместо да ѝ помогне почнал да ја влече по подот.
Жената почнала да вреска и да ги довикува нејзините деца по име. Соседите ја слушнале и го известиле нејизниот внук, кој кога ги погледнал снимките се шокирал. Негувателот веднаш бил пријавен во полиција и полизијата го истражува случајот. Тој се правда дека само се обидувал да ја спречи старицата „да избега од дома“.
Внукот, Хуанг изјавил дека неговата баба не може да се движи и страдала од уринарна инконтиненција, па затоа неговото семејство одлучило да вработи домашен негувател.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!