Даниел Ротариу пред неколку години не очекувал дека за една караница неговиот живот ќе се промени засекогаш. Додека тој спиел на креветот по караница со неговата девојка почувствувал дека нешто го пече и дека не може да гледа добро.
Оваа чувство станувало се полошо и полошо додека да сфати дека неговата девојка Кејти Леонг фрлила половина литар сулфурна киселина врз неговото тело додека спиел.
Жената го лажела дека има 36 години иако имала 50, а 33 годишниот Даниел ѝ поверувал. Таа дури пред да го направи грозоморното дело испробувала на колбаси дали киселината успешно може да го уништи и човечкото месо. Кејти била уапсена и добила доживотна казна затвор, но Даниел останал слеп и со уништено тело.
Даниел завршил во центар за рехабилитација каде што ја запознал 31-годишната Ана Катанга. Двојката, која живее во Нотингем, се запознала кога Ана му помогнала на Даниел преку рехабилитација во центарот за поддршка. Ана наскоро дала отказ од работа и тие двајца отишле на нивниот прв состанок. Тие имаат десетмесечен син, Дејвид – чиј пасош пристигнал само ден пред да заминат за Романија.
Даниел вели дека Ана му го сменила животот и дека дури дала отказ од работа за да можат да бидат заедно. „Го добив среќниот крај за кој мислев дека не е возможен.“, вели Даниел. Тој дури имал и еден оби за самоубиство, но сега вели дека е многу среќен и далеку од тие мисли.
Ана има и 7-годишен син кој исто така бил гостин на свадбата. Таа вели дека единствено ѝ е жал што Даниел не можел да ја види како изгледа во венчаницата.