Во широчините на Каспиското Езеро, на сто километри од Баку, главниот град на Азербејџан, лежи една од најневеројатните населби во светот. Целосно функционален град со 3000 жители коишто живеат на мрежа од нафтени платформи и вештачки острови, поврзани со мрежа од мостови.

Ова е Нефт Даслари, град основан над водите на најголемото езеро во светот, на неверојатна оддалеченост од 55 километри од брегот. Азербејџан е познат по богатите ресурси на нафта уште од древни времиња. На овие простори се копало по нафта и се вршела трговија со петролеј уште од 3-от и 4-от век. Постојат историски документи за тоа во старите арапски и перскиски ракописи, како и во патеписите на познати патници како Марко Поло. Персијците го нарекувале просторот на денешен Азербејџан како „Земја на огнот“.

nd01

Модерното дупчење почнало во 1870 година, откако Русија ја освоила територијата. До почетокот на Првата светска војна, нафтените извори на Азербејџан ја снабдувале Русија со 175 барели сирова нафта годишно, 75 отсто од севкупното нејзино производство на нафта. По војната, трагале по нафта во Каспиското Езеро, советските инженери наишле на нафта од врвен квалитет на длабочина од 1100 метри под дното. набргу потоа била изградена најголемата нафтена платформа, и така се родил градот Нефт Даслари. Во текот на следните децении, оваа платформа се проширила со околу 2000 платформи раширени низ круг од 30 километри, поврзани со мрежа од мостови која се протега 300 километри. На овие платформи работниците изградиле станбени згради од осум ката, фабрика за пијалоци, фудбалско игралиште, библиотека, пекарница, кино со 300 седишта, јавна бања, зеленчукова градина, дури и парк со дрвја за коишто се донесува почва од копното. Во своите најдобри денови, тука живееле и работеле околу 5000 работници.

Падот на Нефт Даслари започнал со колапсот на Советскиот Сојуз и откривањето на нови извори на нафта на други места. Работната сила била редуцирана и многу дупчалки биле напуштени. Запоставувањето и недостаточното одржување предизвикало многу од платформите да се срушат во водите, а и други го следат нивниот пат. Од 300 километри патна мрежа, сега се употребливи околу 45 километри, а и тие забрзано пропаѓаат. За владата, ова место сепак е сѐ уште гордо чувана тајна како и во советските времиња. Сѐ уште е тешко за странците да добијат пристап до градот. Не можете дури ни да го зумирате на Гугл мапс.

nd02 nd03 nd04 nd05 nd06 nd07 nd08 nd09 nd10 nd11 nd12 nd13 nd14 nd15 nd16 nd17 nd18

Сподели на Facebook
пати видено