Несреќи се случуваат, понекогаш одредени луѓе имаат доволно среќа за да се спасат од тие несреќи. Сепак мал број на луѓе успеваат да се најдат и по неколку пати на погрешно место, во погрешно време и повторно да извлечат жива глава.
Ова може да значи дека тие имаат премногу среќа во животот, или се доволно баксузи за да им се случуваат такви работи и по неколку пати, сè зависи од тоа како гледате на работите.
Семејството Десармес
Како и многу други семејства така и семејството Десармес одлучило да го напушти Хаити веднаш по земјотресот на 12.01.2010 година. Пјер имал некои врски и обезбедил билети за своето семејство од Хаити до Сантијаго, Чиле. Помалку од еден месец подоцна, Сантијаго бил погоден од земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтер. На крајот на краиштата, семејството се чувствувало исплашено и им раскажало на медиумите: „Ја напуштивме нашата татковина поради земјотрес, а истото се случи и тука“. За среќа, од тогаш живеат мирно и безбедно.
Џејсон и Џени Кернс-Лоренс
Џејсон и Џени се пар од Англија кој се соочил со три патувања на различни локации низ целиот свет. Нивното прво патување било во Њујорк во 2001 година, кога тие биле сведоци на нападите врз Светскиот трговски центар на 11-ти септември. Преживувајќи ја трагедијата, тие решиле да се преселат во место за кое мислат дека е помалку веројатно дека ќе доживеат нов терористички напад и заминале за Лондон. Додека се таму, сепак, се случува нападот во Лондонското метро, каде загинуваат 52 лица и се повредени 700. Во 2008 година Џејсон и Џени одлучиле да го посетат Мумбаи, Индија. Тие се таму на 26.11, кога вооружени мажи од пакистанската терористичка група нападнале неколку знаменитости и градби во градот, при што загинале 164 лица.
Додека биле сведоци на трите терористички напади, Џејсон и Џени успеале да ги дадат своите описи за тоа што се случувало. Џени изјавува за Телеграф во Индија дека не можела да поверува како луѓето по терористички напад ги отвораат продавниците веќе следниот ден. „Во Њујорк луѓето имаа страв од тетор во очите. Во Лондон полицијата изгледаше поплашена од населението.“
Остин Хач
Остин Хач преживеал две различни авионски несреќи, при што загинале пет членови на неговото семејство. Во 2003 година Остин преживеал авионска несреќа во која загинала неговата мајка, сестра и брат. Неговиот татко, кој бил анестезиолог, управувал со авионот. Но, во 2011 година се случил истиот инцидент. Авионот управуван од неговиот татко повторно паднал, но овој пат неговиот татко и неговата втора жена загинале. Остин повторно успеал да преживее. Тој бил во кома 8 недели, но потоа успеал целосно да се опорави.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.