Братот на убиената славна Пакистанка тврди дека ја убил сопствената сестра бидејќи одбивала да престане да објавува провокативни слики и видеа на социјалните медиуми. Мухамед Васим вели дека не се срами затоа што ја убил Кандил Балох и покрај тоа што нејзината смрт поттикнала бројни реакции и повици да се запре со убиствата поради „чест“.

Нејзиниот брат бил уапсен во сабота и признал дека ја дрогирал и задавил сестра си за да ја „спаси семејната чест.“

„Да, се разбира дека ја задавив“, признал Васим. „Таа беше на приземјето додека нашите родители спиеја на катот. Околу 22:45 часот ѝ дадов таблета…и потоа ја убив. Воопшто не се срамам од тоа што го сторив. Што и да се каже, нејзиното однесување беше неподносливо.“

Балок била во нејзините дваесетти години и нејзиното вистинско име било Фаузиа Азим. Се прославила со своите објави на Фејсбук, при што многумина ја обожавале, нарекувајќи ја „пакистанската Ким Кардашијан“, но исто така наишла и на голема осуда кај конзервативците.

kk01 kk02 kk03 kk4 kk05 kk06 kk07 kk08 kk09 kk10 kk11 kk12 kk13 kk14 kk15

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено