Професор од Мексико е на работ да го изгуби своето работно место поради „новиот метод“ кој го вовел за да ги спречи учениците да препишуваат.
Според локалните медиуми, родителите се налутиле поради невообичаеното решение на професорот и побарале да биде отпуштен од училиштето „Ел Сабинал“ во мексиканска држава Тласкала.
Во извештаите се вели дека наставникот по „Етика и вредности“, идентификуван како Луис Хуарез Тексис, ги натерал учениците кои правеле тест по неговиот предмет да стават кутии на главите, со цел да ги спречи да препишуваат. Родителите сметаат дека на овој начин професорот ги понижува децата и бараат да биде казнет.
Тие исто така побарале наставникот да биде отпуштен од работа бидејќи овој вид на насилство не треба да се толерира. Како одговор на реакцијата, училиштето објаснило дека ова е „динамична вежба“ за да се помогне „психомоторниот развој на учениците“. Тие исто така велат дека учениците претходно се согласиле на вежбата.
Вакви „креативни идеи“ нема само во Мексико, неодамна стана позната и фотографијата од студентите во Универзитетот Касесарт во Бангкок каде наставниците создадоа специјални „наочници“ за да ги спречат студентите да препишуваат.