Стотици жени маршираа низ улиците на Ерусалим како дел од движењето кои го нарекуваат „оросписка прошетка“. Тие се движеа низ улиците на конзервативниот град за да ги бранат правата на жените да се заштитат од сексуално вознемирување. Една парола гласела: „Не ни кажувајте како да се облекуваме, кажете им на мажите да не силуваат.“
Некои од жените се соблекле по долен веш и пушувале различни пароли по нивното тело. Една од организаторките изјавила: „ Зборот ороспија е насилна социјална алатка која треба да ги посрамоти жените и да мотивира насилство кон жените. Поради тоа го преземавме зборот и го спречивме општеството да го употреби против нас.“
Глобалното движење „оросписка прошетка“ за прв пат се појавило во Канада во 2011 година, откако полицаец кој држел говор пред студенти изјавил дека „девојките не треба да се облекуваат оросписки, за да не бидат силувани.“
Една од учесничките на протестот, 18-годишната Кејти вели: „Ваквите активности се многу важни за земја како Израел, каде поранешниот претседател Моше Катсав служи казна од 7 години за силување.“
За време на протестот имало и полиција, со цел да се спречат инциденти. За среќа протестот поминал мирно. На претходните протести жените протестирале топлес, но од оваа година им е забрането, но сепак некои од нив го прекршија правилото.