Сѐ е во ред со вашиот монитор и не халуницинирате, ниту пак се работи за фотошоп.

Терфенс, Австрија

zg01 zg02

Оваа превртена куќа била дизајнирана од страна на полските архитекти Ирек Гловацки и Марек Розански. Да, и внатрешноста е исто така наопаку.

Ротердам и Хелмонд, Холандија

zg03 zg04

Наречени „Kubuswoningen“ (коцкести куќи), овие домови изгледаат како дело на некој откачен архитект, но всушност се феноменални: балансирани на шестоаголен столб, при што покривот на секоја од куќите е навалена за 45 степени и поврзана со соседната. Резултатот е уникатна и цврста градба.

Островот Гангва, Кореја

zg05

Ова кафуле е со навалени страни…

zg06

…и навалени врати.

zg07

А оваа куќа била изградена од поранешниот дизајнер за облека, 51-годишниот Џон Јунг Сун. „Па и нема некоја разлика помеѓу дизајнирањето облека и дизајнирањето градби“ – вели тој.

zg09

Оваа наведната куќа е сместена на ридесто место крај езерото Цунгпјонг. Дизајнерите се одлучиле на ова решение како начин да се постигне максимална изложеност на сончевата светлина.

zg10

Малме, Шведска

zg08

Дизајнирана од страна на шпанскиот архитект Сантјаго Калатрава, оваа увртена 54-катница содржи 147 станови, спа центар, винска визба и 24 часа портирска служба во 365 дена во годината. Наречена е „Торзо кое се витка“.

Прага, Чешка

zg11

Ко-дизајнерот Френк Гери куќава првично ја нарекол „Фред и Џинџер“ (според славните танчери Фред Астер и Џинџер Роџерс), бидејќи потсетува на танчерски пар.

Волверхамптон, Англија

zg12

Овој паб е изграден врз земјиште на кое се ископувало јаглен. Кога сопственикот на ископината извадил премногу, земјиштето се навалило, при што се накосила и зградата.

Сопот, Полска

zg13

„Krzywy Domek“ преведено од полски значи „крив дом (куќа)“ што е сосема соодветно за зграда која изгледа како одраз во криво огледало.

Аби Даби

zg14

Можеби не сте знаеле дека оваа зграда, наречена Капитал Гејт, а не Кривата кула во Пиза, го држи Гинисовиот рекорд за најнакривена кула во светот.

Сиднеј, Австралија

zg15 zg16

Уште едно ремек дело на Френк Гери од кое ќе ви се сврти умот. Во оваа зграда е сместена Бизнис школата на Сиднејскиот технолошки универзитет. Архитектот кажал дека бил инспириран од начинот на кој уметниците ги користат виткањата за да ги истражат боите, формите и сенките. Искривените форми продолжуваат и во внатрешноста, кадешто ѕидовите се обложени со гипс картон.

Виндзор, Англија

zg17

Според Википедија, во подрумот има таен премин, преку кој веројатно се доставувале производи од пазар директно во кујната на замокот.

zg18

Градбата е ваква бидејќи било употребено неисушено дрво.

Маргејт, Кент, Велика Британија

zg19 zg20

Создадена од британскиот уметник и дизајнер Алекс Чиник, оваа зграда го мами окото на набљудувачот да си помисли дека фасадата на оваа четирикатница почнала да се лизга, изложувајќи ја голата конструкција на најгорниот кат.

Виена, Австрија

zg21 zg22

Овој музеј изгледа како некој џин да фрлил некоја од блиските куќи врз него.

Сан Диего, Калифорнија

zg23

Куќава виси на едната страна на Џејкобс Хол при Калифорнискиот универзитет во Сан Диего.

Алберта, Канада

zg25 zg26

Оваа „црква“ со височина од 7 метри , алуминиумски рамки и црвено стагло се наоѓа во парк во Калгари, Алберта. Американскиот скулптор Денис Опенхајм вели дека „превртувањето на црквата наопаку ја прави поекспресивна, но не и богохулна. Не секој се согласува со ова.

Сподели на Facebook
пати видено