Трансродов маж, кој го променил полот пред 15 години вели дека тоа му била најголемата грешка во животот и дека сега сака повторно да е жена. 60-годишниот Ли Харис од Хедел Хемпстед, Хертфордшир, е роден како Деби Каремер, но бил подложен на хируршка промена на пол на возраст од 44 години.
По неколку години борба со својот сексуален идентитет, ги отстранил градите, матката, јајниците, пред лекарите да му направат вештачки пенис.
Г-дин Харис, кој се оженил со својот партнер Алан пред да ја направи промената на полот, поминал низ советување, каде што експертите му кажале дека има пострауматски стрес како резултат на сексуално напаѓање од страна на неговиот татко.
Ли вели: „Би сакал да можам да го свртам назад часовникот и само да предвидам каков кошмар ќе бидат наредните 15 години. Јас сум жена на која не ѝ е судено да биде маж. Заробена сум. Тоа е целосен хаос, не знам од каде да почнам. Едноставно жалам за таа одлука. Сигурен сум дека многу трансродови мажи се чувствуваат исто, но јас сум единствениот доволно искрен и храбар кој излегол и го кажал тоа.“
Тој вели дека се чувствува осакатено и вели дека ја направил операцијата затоа што мислел дека доколку нема вагина нема да може да биде силуван. Неговата траума, исто така, му предизвикала објективна сексуалност, што значи дека го привлекуваат неживи предмети.
Г-дин Харис вели дека има развиено сексуална привлечност кон риболовен стап и радио, пред да има „врска“ со електрична гитара.
60-годишниот маж во моментов е на листа на чекање за операција за повторно да си го врати својот пол, но вели дека се чувствува „заробена“ во неговото машко тело.