Без разлика дали тоа го нарекувате злокобен вител, енергетска дупка или ѓаволски гробишта, веројатно сте слушнале за сите тие места во светот кадешто исчезнуваат авиони, бродови и луѓе. Еве ги најпознатите, покрај Бермудскиот триаголник.
Алјаскин триаголник
Алјаскиониот триаголник се протега врз голем дел од државата, од кој поголемиот дел е дивина. На тој простор исчезнале многу познати луѓе, а исто така се уривале и авиони додека прелетувале врз него. Се проценва дека од 1998 година навака исчезнале вкупно 16.000 луѓе во Алјаскиниот триаголник.
Велигденски Остров
Велигденскиот Остров, дом на познатите камени глави, со децении е извор на мистерии и шпекулации. Островот е дом на изгубена цивилизација којашто мистериозно исчезнала, оставајќи зад себе артефакти коишто како воопшто да немаат смисол. Поради тоа, некои сметаат дека и тука се наоѓа некаков мистериозен триаголник.
Бриџвотерски триаголник
Можеби не е многу познат, но многу луѓе останале зачудени од мистиреиите кои се случиле во Бриџвотерскиот триаголник. Се наоѓа на педесеттина километри јужно од Бостон и опфаќа 320 квадратни километри. Се раскажува дека таму со стотици години се случуваат паранормални активности. Наводно тука биле видени НЛО-а, бизарни суштества и духови.
Ѓаволско Море
Ѓаволско Море само по себе е доста застрашувачко име, но исто така е познато и како Змејски Триаголник. Тоа е триаголна водена површина помеѓу Јапонија, Огасавара островите и Филипинското Море. Според историските записи, во овој дел од Пацификот веќе долго време се случуваат чудни нешта. Името произлегува од стара легенда за змеј кој ги повлекувал бродовите на дното на океанот. Најраните записи за исчезнати бродови датираат од тринаесеттиот век, а најнеодамнешните се од педесеттите на дваесеттиот век.
Вартонов Басен
Покрај многуте теории во врска со исчезнатиот малезиски авион МН370, постои и таква според која тој завршил во Вартоновиот басен. Овој дел од Индискиот Океан е помалку познат од Ѓаволскиот или Бермудкиот триаголник, но многумина теоретичари се убедени дека авионот исчезнал токму тука.
Мохенџо Даро
Долината на реката Инд била дом на една од најстарите и највпечатливи древни цивилизации, којашто ние денес ја нарекуваме Мохенџо Даро. Градот бил изграден околу 2500 години пр.н.е. и опстојувал околу 1000 години пред целосно да биде напуштен. Теоретичарите веруваат дека градот се наоѓа врз злокобен вител, што на крајот довело и до мистериозното исчезнување.
Мичигенски триаголник
Во 1937 година, додека пловел на својот товарен брод во овие води, капетанот Џонер Донер исчезнал од својата кабина којашто била заклучена одвнатре. Во 1950 исчезнал летот 2501 на Нортвест Ерлајнс додека летал над областа и повеќе никогаш не бил најден.
Јужно-атлантската аномалија
Дури и НАСА не секогаш можат да се натпреваруваат со моќна ја јужно-атлантската аномалија, позната како вселенскиот Бермудски триаголник. На тој простор се наоѓаат Ван Аленовите радијациски појаси околу Земјата. Вселенските летала и сателити кои минуваат над областа доживуваат проблеми со опремата и податоците.
Бенингтонски триаголник
Во периодот од 1920 до 1950 година, во дивината на Бенингтонскиот триаголник, област во југозападен Вермонт, исчезнале од пет до десет луѓе. За тој триаголник се раскажуваат легенди уште од 1800-те.
Северниот пол
Според теоретичарите за мистериози вители, еден од нив се наоѓа на Северниот пол.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.