Ако ни е за утеха, овие денови не се топиме само ние. Летата во Аризона се тешко издржливи. Всушност тука станува толку жешко што нештата кои не треба да се топат се топат како сладолед.

Во јули, градот Феникс ги достигна најжешките температури во годината и се чини дека топлината нема да исчезне наскоро.

А на работодавците ова воопшто не им е проблем. Со клима уреди во канцелариите лесно им е да им наредуваат на обичните работници „да си ја вршат“ работата без разлика на условите. Овој пат сторителот е американска поштенска служба.

Еден возач за USPS објаснил дека тие мора да се возат во возила без клима по цел ден и топлината во нив е толку неподнослива, што за неколку часа свеж бифтек, станува средно печен. Ова доаѓа откако неколку вработени во USPS завршиле во болница поради нехуманите услови за работа. Температурата во возилата достигнува и температури над 53 °C.

По мерењето на температурата во неговиот камион во текот на неколку недели, вработениот открил дека температурите во просек се движеле околу 53 °C во внатрешноста на возилото. Тоа го натерало да спроведе експеримент за да види дали е доволно жешко да се готви месо во неговиот камион.

Откако го поставил суровиот бифтек на контролната табла тој станал средно печен во период од 10 часот до 12:30.

Сподели на Facebook
пати видено