Motif е првиот смартфон базиран на блокчејн наменет за пазарот во САД.
Motif не изгледа многу празлично од обичен паметен телефон. Но, како што не учеа на училиште, важно е она што го има внатре. И Motif го содржи оперативниот систем Zippie (OS).
Создаден на база на блокчејн од страна мобилна технолошка компанија Zippie, овој оперативен систем автоматски ги наградува корисниците со токени секогаш кога ги користат нивните Motif телефони за активности како што се купување работи онлајн, согласувајќи се да ги споделат своите лични податоци (сè уште не е јасно кои податоци или со кого), или пак да нудат „производи и услуги“ на заедницата Blacture.
Токените одат во сигурен дигитален паричник на Motif. Корисникот тогаш може да ги потроши токените со помош на специјална дебитна картичка Motif која функционира насекаде каде што работат дебитни картички. Не е потребна посебна банкарска сметка.
Motif треба да биде на пазарот оваа есен и ќе чини помеѓу 350 и 395 долари. Според соопштението за печатот, картичката го олеснува трансферот на пари насекаде во светот без дополнителни трошоци, кои „служат како дел од мисијата на Блектура за кревање на црната заедница преку економско зајакнување“.
Има и многу други начини на кои паметните телефони можат да го прифатат блокчејнот. Во септември, програмерите од Embedded Downloads започнаа да ги испорачуваат своите BitVault паметни телефони. Уредот, прогласен за „прв телефон во светот на блокчејн“, користи технологија на блокчејн за да ја засили безбедноста, па затоа не е изненадување дека неговиот целен пазар е одбранбениот сектор. Сепак, воената техника веќе достигнала потрошувачки пазар, а BitVault може да го следи примерот.
Во меѓувреме, програмерот за електроника Сирин Лабс веќе има смартфон со блокчеин дизајниран специјално за потрошувачкиот пазар: Finney. Овој уред е специјализиран за олеснување на корисниците да трошат и зачувуваат криптовалути. Тој ќе биде достапен за продажба во неколку земји, вклучувајќи ги Турција и Виетнам, до октомври 2018 година.