Џејкоб Лаукаитис е независен фотограф кој повеќе од 3 години патува низ светски познати дестинации. Тој навистина се заљубил во убавините на Нов Зеланд откако сите му зборувале за оваа волшебно место, но тој помалку скептичен сакал самиот да се увери. Патувањето го почнал од северниот дел на Нов Зеланд, го посетил највисокиот вулкан во државата, минал низ прекрасни планини, долини и езера, а во јужниот дел пешачел дури 70 километри за 2 дена. Џејкоб пробал и неколку адреналински спортови за целосно да може да ужива во убавините на оваа парче земја.