Во универзитетот Браун е спроведено едно од најголемите истражувања на финансиското однесување на човекот во иторијата. Само за собирањето и обработката на податоците биле потребни пет години, а севкупно учествувале 50 илјади семејства (повеќе од 150 000 луѓе). Научниците во текот на долги години набљудувале како луѓето се однесуваат со парите и откриле јасни паралели меѓу човечките навики и тоа колку се успешни на финансиски план.

Така, тие успеале да направат список на лошите навики кои пречат луѓето да се збогатат. Кога го дознале тоа, учесниците во проучувањето или целосно се откажале од тие навики или сѐ уште со сите сили борат против нив. И, макар што тоа нималку не е лесно, добро е да се знае дека сите тие луѓе денес се богати.

Треба да се истакне дека во истражувањето не биле вклучени луѓе кои наследиле богатство. Научниците опфатиле луѓе кои се збогатиле единствено со својот сопствен труд. И така, каква е разликата меѓу сиромашните и богатите?

1. Втора работа

Повеќето од богатите луѓе (67%) прават сѐ што е во нивна моќ да имаат повеќе од еден извор на приходи. Тоа не се само инвестиции, луѓето кои немаат пари да инвестираат во нешто во најмала рака си наоѓаат втора работа. Од друга страна, само шест отсто од сиромашните имаат втора работа.

Богатите не губат време – тие заработуваат. И знаејќи дека на едно место нема да заработат толку колку на две, тие и на двете работни места работат макотрпно, давајќи сѐ од себе, за да заработат доволно пари да започнат свој бизнис или да инвестираат во себе и да научат нешто ново, што после ќе им донесе уште повисоки приходи.

2. Игри на среќа

Спортски обложувања, коњски трки, покер, лотарии, бинго – 77 отсто од сиромашните редовно учествуваат во некакви игри на среќа, а само 6 отсто од богатите. Може да се тврди дека ова не е некаков особен показател и значи дека сиромашните едноставно имаат потреба од пари и мечтаат да се збогатат. Но, имено токму тоа е проблемот – сиромашните ги трошат своите пари со надеж дека ќе се збогатат одеднаш, а не да заработат. Ако едноставно си ги штедат сите суми кои ги потрошиле на тоа, ќе увидат дека можат да соберат доста добра сума.

3. Читање и учење

Друга многу интересна статистика: 79 отсто од богатите признаваат дека многу почесто читаат професионална литература и сѐ што е поврзано со нивната кариера за да го повишат своето професионално ниво. И макар што богатите често ќе ги слушнете како велат дека им недостастува уметничката литература, стручната литература им е приоритет.

Од друга страна, освен што сиромашните во принцип читаат многу малку, само 11 отсто од тие кои воопшто читаат нешто читаат професионална литература. Поголемиот дел од сиромашните луѓе читат единствено за задоволство. Ќе кажете дека нема ништо лошо во тоа, и секако, може човек да се согласи со такво нешто. Само подоцна немојте да се жалите дека сте сиромашни.

4. Расходи

За разлика од сиромашните, богатите луѓе никогаш не купуваат нешта за кои немаат доволно пари. Ќе се изненадите, но и за богатите се појавуваат вакви проблеми. На пример, сиромашниот ќе си купи многу скап телефон, и покрај тоа што има поевтини телефони, и за да го купи ќе се позајми или ќе потроши пари кои не му биле наменети за тоа, а потоа ќе се откажува од нешта кои се поважни од повисоката резолуција на екранот на скапиот телефон со кој ќе се перчи додека со часови цеди еден пијалок.

А богатиот без разлика колку би сакал, да кажеме, некоја многу скапа кола, никогаш нема да ја купи ако за тоа би требало да земе заем или да се откаже од нешто друго.

5. Буџет

И меѓу другото, кога станува збор за трошењето воопшто, 84 отсто од богатите луѓе строго внимаваат на својот буџет прават сѐ што е возможно да не излегуваат надвор од него. Тие однапред решаваат колку и за што ќе трошат и редовно прават преглед на своите расходи. Никогаш не се соочуваат со проблеми со какви многумина се соочуваат на крајот на секој месец – што се случило со парите? Тие точно знаат колку и за што потрошиле.

А меѓу сиромашните само 20 отсто внимателно ги следат своите расходи. Другите, откако ќе ги платат кредитите и сметките, просто ги расфрлаат преостанатите пари, без да се замислат за што точно и колку трошат.

6. Штедење

Само 5 отсто од сиромашните редовно одвојуваат 10 отсто од својот месечен приход, 20 отсто не одвојуваат ништо. Основната причина се крие во фактот дека истите тие 10 отсто на сиромашните им изгледаат како толку незначителна сума, што си мислат дека е безначајно да одвојуваат толку мали пари настрана.

Првиот аргумент е глупав, бидејќи колку и да е малку тоа што ќе го одвоите на страна, ќе имате некаква заштеда. Вториот аргумент исто така нема основа, бидејќи без оглед на тоа колку мали ви се приходите, вие би можеле да преживеете и без тие 10 отсто.

А имајте предвид дека 93 отсто од богатите луѓе редовно штедат. Без разлика колку. Важен е зборот: р-е-д-о-в-н-о!

Сподели на Facebook
пати видено