Една жена следејќи ја сателитската навигација во својот автомобил за време на маглива ноќ, свртела во погрешен правец и завршила право во езеро. 23-годишната девојка од Онтарио, Канада, ја следела својата GPS рута возејќи на полуостровот Брус, област која не ја познавала добро. Некаде по полноќ, го загубила патот и влетала во езерото Хjурон.
Жената успеала да го отвори прозорецот, да си ја земе чантата и да исплива 30 метри додека да стигне на безбедно, додека нејзиниот автомобил се полнел со вода. Локалната полиција вели дека начинот на кој е изграден докот за чамци значи дека погрешното свртување во дождлива ноќ може да предизвика вистинскки шок.
„Таа возела по патот, и одеднаш пропаднала и завршила во вода“ вели Констабл Катрина Рубинстин-Гилберт. Младата жена побарала помош во близок хотел, и е во добра состојба, но „малку посрамена“, како што известуваат локалните медиуми.