Ксу Ксиаочун, извршниот директор на Бојалајф, која во моментот стои зад изградбата на огромна фарма за клинирање во кинеското пристаниште Тианџин, тврди дека технологијата за клонирање луѓе веќе постои и единствената причина поради која тоа не се прави сега е поради можноста за силна осуда од јавноста.

fabrika

„За жал, единствениот начин во моментот да се има дете е тоа да биде половина како неговата мајка, половина како неговиот татко“, вели Ксу. „Можеби во иднина ќе има три избори наместо еден. Или може да биде пола-пола, или генетиката да се наследи сто отсто од таткото, или сто отсто од мајката.“

kloniranje

По отворањето на фармата за клонирање во текот на следните седум месеци, во неа ќе се создаваат клонирани домашни животни во до сега невидени размери, при што до 2020 година ќе почнат да се произведуваат до еден милион животни годишно.

Сооам, партнерот на Бојалајф од Јужна Кореја, исто така работи на развивањето на технологија за клонирање и во моментот работи на развивањето на начин да се врати мамутот преку клонирање на клетки најдени на Сибир.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено