По 341 година, мистериозното архаично писмо наводно напишано од страна на италијанската калуѓерка која била опседната од ѓаволот, е дешифрирано. Научниците го постигнале овој подвиг преку употреба на софтвер за декодирање што го откриле на Deep Web.
Според Тајмс писмото било напишано од италијанската сестра Марија Кросифиса дела Концезионе во 17 век. Таа била родена како Изабела Томаши и станала калуѓерка кога имала 15 години. Марија писмото го напишала кога имала 31 година. Легендите велат дека по долгата битка меѓу калуѓерката и сатаната, писмото било најдено во раката на жената на 11 август 1676 година, кога се разбудила од „транс“ во нејзината соба со лицето извалкано од мастило. Овој настан се случил во затворениот манастир на Палма ди Монтекиаро, во провинцијата Агриџенто, во Сицилија. Очигледно, калуѓерката и нејзините сестри не можеле да го декодираат текстот, но со текот на времето тие одлучиле дека тоа мора да се зборовите на Сатаната кој се обидувал да ја убеди младата калуѓерка да се одврати од нејзината вера.
Исто така игуманијата Марија Серафика во писмо ја потврдила храброста на сестра Марија, тврдејќи дека ѓаволот се обидувал да ја натера Марија да го потпише писмото, но сепак Марија му се спротивставила. Тим од научниот центар Лудум во Сицилија користеl кодиран алгоритам кој се наоѓа на Deep Web. Истиот софтвер, наводно, се користeл од неодредени разузнавачки служби. Даниеле Абате, директор на научниот центар Лудум, изјавил:
„Ние го подготвувавме софтверот со антички грчки, арапски, руничка азбука и латински, за да дешифрираме дел од писмото и да откриеме дали е ‘ѓаволско’. Писмото изгледаше како да е еден вид на стенографија. Шпекулиравме дека сестра Марија создала нов речник со користење на древни азбуки што можеби ги знаела. Ние анализиравме како слоговите и графизмите (или мислите прикажани како симболи) се повторуваат во писмото за да се лоцираат самогласките, а завршивме со преработен алгоритам за дешифрирање.“
Писмото е неконзистентно и несоодветно се однесува на врските помеѓу Бог, луѓето и сатаната. Во него стои дека Бог, Исус и Светиот Дух се „смртни товари“и понатаму вели дека луѓето го измислиле Бог и Зороастер. Исто така, тврди дека „Бог мисли дека може да ги ослободи смртниците“, додавајќи дека „овој систем не функционира за никој“. На крајот , се чини дека се однесува на реката Стикс, која ја одделува Земјата и Подземниот свет во грчката и римската митологија, со мистериозна фраза „Можеби сега, Стикс е сигурен“.
Иако „азбуката“ на сестра Марија е навистина добро смислена, научниците веруваат дека е можно калуѓерката да патела од шизофренија или пак да имала биполово пореметување и поради осаменоста која ја чувствувала во манастирот ѓаволот станал плод на нејзината фантазија.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.