Вниманието на научниците го привлече уште едно небесно тело во нашиот сончев систем – Енкеладус – како потенцијално место за развој на живот. Тие велат дека на ледената месечина на Сатурн веројатно има активен хидротермален систем.Тоа значи дека под заледената површина веројатно тече топла вода.

Hydrothermal_activity_on_Enceladus.0

Енкеладус за првпат станал потенцијален кандидат за живот надвор од нашата планета кога Касини за прв пат забележал облаци од водена пареа на неговиот јужен пол во 2005г. До скоро не се знаеше од каде доаѓаат тие облаци и зошто.

Тим на истражувачи од Лабораторијата за атмосферска вселенска физика при Универзитетот на Колорадо нашле мали камени знца на леталото Касини кои веруваат дека се оформиле од хидротермалните струења во скриениот океан на Енкеладус. Зрната се богати со силикон, слично како и песокот и кварцот на Земјата, кој обично се формира при хидротермални процеси.

Во својот научен извештај, тие го заклучуват следното:

„Методски ги истраживме алтернативните објаснувања за наносиликатните зрна, но секој резлтат ни посочуваше кон едно единствено можно потекло“, вели Френк Постберг, научник кој работи на проектот.

Ова е возбудлива вест, бидејќи значи дека Енкеладус навистина би можел да содржи живот под неговата мртва ледена површна.

Сподели на Facebook
пати видено