Хибрид помеѓу робот и бубачка, на кибернетскиот инсект може да му се заповеда да оди или да трча. Во последните години жешка тема се интерфејсите за комуникација помеѓу мозокот и компјутерските системи. Технолошкиот институт во Нанјанг, Сингапор го однесе овој концепт во една сосема поинаква насока претворајќи обична африканска бубачка во кибернетски организам кој може далечински да се управува.

bb

За да го постигнат ова, истражувачите вметнале електроди во секоја од годините на бубачката, кои кога ќе се стимулираат со електричен сигнал, го тераат инсектот да се движи, да забрзува или да успорува.

„Создадовме хибрид помеѓу робот и жива бубачка“, пишуваат тие. „Различни мускули се стимулираат индивидуално во претходно дефинирана секвенца со помош на микроконтролери. Со варирање на должината на стимулативните секвенци, ние успешно ја контролираме честотата на чекорењето, а со тоа и брзината на чекорењето на бубачката.“

Кога ќе се усовршат, киборг бубачките би можеле да се употребуваат како минијатурни дронови кои би можеле да надлетуваат секаков вид на терен, за најразлични потреби, како на пример за шпионирање.

Сподели на Facebook
пати видено