Изреката дека „изгледот лаже“, навистина се однесува за новиот материјал созаден од истражувачите од Универзитетот Хокаидо. Иако изгледа мек, што и навистина е, овој материјал е силен како метал. Всушност, научниците тврдат дека е пет пати поиздржлив од јаглероден челик, а во исто време е флексибилен како гума.

Овој материјал е производ на комбинирање на хидрогелови кои најчесто се наоѓаат во производи како што се контактни леќи, со стаклени влакна. Резултатот е издржлива но свитлива мрежа, креирана за да ја максимизира еластичноста. „Тоа е најсилниот мек материјал кој некогаш бил направен од човекот.“, изјавил научникот кој го водел истражувањето Џиан Пинг Гонг.

Врз основа на тоа колку моќ би требало за да се уништи материјалот, тој е 100 пати посилен од обичните хидрогелови и 25 пати посилен од вообичаена ткаенина од стаклени влакна.

Инспирацијата за материјалот Гонг ја добил од природата. „Понекогаш кога ќе забележам како нежен цвет излегува од тврдата почва или од пукнатина во бетон, се прашував како малиот цвет, толку мал има толку голема енергија за да излезе. Овој гел изледа, многу мек и слаб но може да поднесе големо количество на енергија.“

Гонг смета дека материјалот може да се користи за повеќе намени.  Освен во модната индустрија и производствената може да се користи и за изработка на  вештачки лигаменти и тетиви, кои носат голем „товар“. Тимот на Гонг веќе е во преговори за потенцијална соработка во развојот на вештачки ‘рскавици со неколку компании.

Освен развивање на вештачки органи, Гонг исто така гледа употреба во спортска облека и заштитна опрема, како што се шлемови и облека отпорна на куршуми.

„Мислам дека материјалот би покажал добри резултати против куршум. Ако нашиот материјал може да направи луѓето да имаат подобар и посреќен живот, мислам дека ние ќе бидеме многу многу задоволни.“

 

Сподели на Facebook
пати видено