Се нудат 100.000 долари како награда за секој кој успешмо ќе презервира целосно функционален човечки мозок. Наградата се нуди од страна на Фондацијата за презервација на мозокот. За да се добие, ќе треба да се одржува човечки мозок во времетраење од сто години, без да претрпи оштетување или деградација. Крајната цел на ова е да се направи да биде возможно некој да биде вратен од мртвите така што зачуваниот мозок ќе му се трансплантира во ново синтетичко тело, во даден момент во иднината.

Учесниците во овој натпревар најпрвин ќе се обидуваат со мозоци на животни, пред да се развие хируршката процедура која би овозможила долготрајно зачвување на човечки мозок. Сега за сега за наградата се борат двајца натпреварувачи – едниот е постдокторантот Шон Микула од институтот за медицинско истражување Макс Планк во Хајденбург, Германија, додека другиот е компанија од Калифорнија, САД, наречена „Медицина на 21-от век“.

mz

Микула се надева дека ќе успее да ја постигне презервацијата со употреба на посебна хемикалија, додека американската компанија се обидува со криопрезервација. Дали нивната цел е остварлива со денес достапната технологија, останува да се види.

„Од теоретска гледна точка, јас сум сигурен дека зачувувањето на нашиот ум е можно“, вели претседателот на Фондацијата за презервација на мозок, Кен Хејворт. „Пишано ни е на крајот да почнеме да ги заменуваме нашите биолошки тела со унапредени синтетички тела.“

Сподели на Facebook
пати видено