Специјално опремено подводно возило во Калифорнија, сопственост на Институтот за истражување на еден аквариум, успеа за прв пат да направи снимка од мистериозната риба популарно наречена „Црн морски ѓавол“, која што живее на длабочина од 2000 метри. На предниот дел од главата рибите имаат светлечки рог, кој им служи да го привлечат пленот.