Руски и јужнокорејски научници ги здружија своите сили во обновените напори да најдат употреблива ДНК во крајно добро сочуваните остатоци на две младенчиња на пештерски лав кои биле најдени во Русија минатата година. „Во споредба со современите лавчиња, мислиме дека овие две биле многу мали, на возраст од можеби недела или две“, вели д-р Алберт Протопопов, од Јакутската академија на науките. „Очите не им се целосно отворени, имаат бебешки заби кои не никнале сите.“

cl

Се смета дека лавчињата загинале кога лизгање на земјиштето ги закопало во пештерата. Во ова истражување учествуваат научници коишто порано работеле на клонирањето на мамут. „Успеавме да земеме неколку примероци од кожата заедно со мускулното ткиво и се надеваме дека од овие примероци ќе го најдеме тоа што го бараме“, вели д-р Протопопов.

Сподели на Facebook
пати видено