Внатрешноста на просечната женска чанта содржи повеќе бактерии отколку една тоалетска школка, установи германски научен тим. Тој дамски моден детал, доколку не бил чистен совесно и редовно, може да содржи 10 илјади различни видови бактерии. А тоа ги прави позаразни од јавен тоалет. Научниците велат дека луѓето почесто ги чистат толетите отколку што жените си ги чистат чантите. Во чантата често се буричка со не многу чисти раце. Научници од Колорадо утврдиле дека по дланките ни виреат околу 4700 различни видови бактерии. Допирајќи ги предметите во чантата и нејзината внатрешност, тие ја заразуваат. Се препорачува доколку се носи храна во чантата, таа да биде ставена во добро затворена кутија.
Највалканите работи во женските чанти најесто се старите кутии крем за раце. Само на нив се трупаат бактерии повеќе отколку на штицата на тоалетната школка.