Научниците тврдат дека пронашле нова „Супер-Земја“ оддалечена 21 светлосна година од нашата планета. Оваа планета е три пати поголема од Земјата и се смета дека се работи за карпеста планета на која што може да има вода во течна состојба.
Планетата орбитира од внатрешната страна на зоната погодна за живот на М-џуџе, Сонце, а сега научниците се надеваат дека ќе успеат да ја истражат атмосферата и нејзините останати функции, со цел да се открие нејзиниот потенцијал за живот. Планетата е забележана од страна на истражувачите на Институтот за астрофизика на Канарските Острови со помош на Галилео Националниот телескоп од 3,6 метри во опсерваторијата Роке де лос Мучачос.
Тие со помош на „Пребарувач за планети со голема точност и со радијална брзина“, на северната хемисфера тие добиле 151 спектар во период од 3,5 години. Планетата била забележана како кружи околу црвено џуџе GJ625. Целосното орбитирање трае околу 14 дена.
Еден од научниците, Алехандро Суарез вели: „ GJ625 е прилично ладна ѕвезда но планената се наоѓа блиску до нејзината внатрешност и поради тоа ја прави поволна за живот, во која може да постои вода во течна состојба на нејзината површина.“
Научниците ќе продолжат со истражување на овој простор за да добијап повеќе податоци за оваа планета но и да откријат уште планети кои се наоѓаат во близина на оваа планета и би биле погодни за живот.