Моментално солта се отстранува од водата со помош на скапи погони за отсолување (десалинизација) и има 18.000 такви погони во 150 земји. Со овој процес всушност се врие водата и нејзината пареа се претвора во пивка вода.

Потребна е огромна количина на топлина за да зоврие водата, половина од трошоците на ваквите фабрики доаѓаат од енергетските потреби. Ново истражување, објавено во Зборникот на „Националната академија на науките“, може да промени се. Истражувањето било предводено од „Центарот за нанотехнологија и активни третмани за водата“ или „NEWT“ на Универзитетот Рајс во Тексас.

„Директното соларно отсолување може целосно да ја промени играта за оние 1 милијарда луѓе кои немаат пристап до чиста вода за пиење. Оваа пристапна технологија е способна да обезбеди доволно чиста вода за семејна употреба во компактна големина и може да се зголеми за да обезбеди вода за поголеми заедници.“, изјавил еден од експертите и научниците од Рајс, Килин Ли.

Техника вклучува нешто што се нарекува мембранска дестилација. Топла солена вода тече по една страна од порозна мембрана и ладна слатка вода тече по должината на другата. Како резултат на тоа, водената пареа оди од топлата до ладна страна. Но иако трошоците за енергија се помали од претходно, сепак се значително високи.

Технологијата на „NEWT“ е многу поефикасна. Таа користи инженерски наночестички, кои можат да претворат сончева светлина во топлината. Додавањето на овие во мембраната значи дека се загрева сама по себе, не се потребни големи количини на енергија за да се претвори топла вода. Тоа се нарекува „дестилација на соларна мембрана со помош на нанофонија“.

Научниците успеале да добијат стапка на производство на вода од околу 6 литри на метар квадратен за еден час. Идејата е луѓето можат да нарачаат панели врз основа на оваа технологија. Потребниот број ќе зависи од нивните дневни потреби за вода.

„Во зависност од стапката на производство на вода што Ви треба, можете да пресметате колку мембранска област ќе Ви биде потребна“, рече Ли. „На пример, ако ви требаат 20 литри на час, а панелите произведуваат 6 литри на час за квадратен метар, ќе нарачате над 3 квадратни метри панели.“

Сподели на Facebook
пати видено