Со помош на вселенскиот телескоп Кеплер НАСА откри планета налик на Земјата која кружи околу ѕвезда на растојание кое би овозможило услови за живот. Планетата наречена Кеплер-186Ф е на 500 светлосни години оддалеченост од нас и се наоѓа во соѕвездието Лебед.

Зоната погодна за живот се дефинира како зоната околу ѕвездата во рамките на која планетите со соодветен атмосферски притисок можат да задржуваат вода во течна состојба на нивната површина. Се проценува дека во рамките на Млечниот пат постојат најмалку 40 милијарди планети слични на Земјата, но оваа планета која ја откриле е првата планета која е со слична големина на Земјата и со слични услови.

к01

Покрај Кеплер 186Ф, има четири други планети кои кружат околу истата ѕвезда. Тоа значи дека ако ѕвездата околу која кружат е слична на нашето сонце, се зголемуваат изгледите дека на Кеплер-186Ф има живот .

к02

Знаеме само за една планета на која суштествува живот – тоа е Земјата. Кога бараме живот надвор од нашиот сончев систем, се сосредоточуваме на барањето планети со карактеристики слични на Земјата“, вели Елиса Квинтана, научен истражувач при институтот СЕТИ при НАСА, и автор на научниот труд „Чекор понапред кон наоѓањето планета во рамките на зона погодна за живот, која може да се спореди со Земјата.“

Ѕвездата околу која кружи оваа планета е за половина помала од нашето сонце и Кеплер-186Ф прима само една третина од енергијата која ние ја добиваме од сонцето. Планетата прави полн круг околу ѕвездата за 130 дена.

 

Сподели на Facebook
пати видено