Се чини дека историјата оди подалеку отколку што можеме да замислиме, зарем не? Откако разгледувале фосили пронајдени во Сибирска пештера, археолозите пронашле заб кој припаѓал на „млада девојка“ која живеела во една пештера во Сибир пред повеќе од 100.000 години. Заклучено е дека забот е еден од најстарите човечки остатоци пронајдени во Централна Азија и е помеѓу 50.000 и 100.00 години постар од првиот познат Денисовани фосил.
Научниците тврдат дека забот може да открие нови факти за мистериозниот човечки вид кој се „вкрстувал“ со Неандерталците во далечното минато. Луѓето, подобро кажано модерните луѓе, се единствената преживеана лоза на други човечки видови кои живееле на Земјата, вклучувајќи ги и Неандерталците кои се најблиските роднини на современите луѓе и на Денисованите, мистериозен човечки вид кој ги населувал реоните на Сибир до Азија.
Научниците го откриле овој вид во 2010 година при проучување на фосили, укажувајќи на фактот дека тие имале заеднички предок со неандерталците. Исто така научниците откриле дека Денисованите биле генетски различни од Неандерталците, исто како што неандерталците се генетски различни од современите луѓе, а предците на Денисованите и Неандерталците се разделиле пред околу 190,000 до 470,000 години.
Иако не се знае многу за Денисованите се верува дека овој вид првпат се појави пред околу 200.000 години. Во 2010 година, по проучувањето фрагмент од коска од прст, научниците откриле дека Денисованите биле вид поврзан, но различен од неандерталците.
Овој вид е мистерија за научниците затоа што досега се пронајдени само три примероци: еден прст и два заба. Интересно, сите три фосили биле откриени во пештерата Денисова на Алтајските Планини во Сибир. Сега, експертите го проучуваат „четвртиот“ примерок: заб што и припаѓал на една млада девојка, најверојатно помеѓу 10 и 12 години, која живеела пред околу 128.000 години.
„Ова покажува дека Денисованите биле присутни во областа Алтај многу подолго отколку што мислевме, барем онолку колку што модерните луѓе веќе живеат во Европа, ако не и повеќе.“, изјавила Вивијан Елсон, палеогенетичар во Институтот за еволутивна антропологија на Макс Планк во Лајпциг, Германија.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.