Долго време научниците не знаеле од што се состои сонцето или пак давале погрешни тврдења, сѐ додека 25-годишна студентка не напишала неверојатна докторска дисертација, која докажува дека Сонцето и ѕвездите се направени главно од хелиум и водород.
За жал друг колега ѝ го „украл“ откритието. Студентката која го направила оваа неверојатно откритие била Сесилија Пејн-Гапошкин. Сепак многу малку луѓе се запознаени со приказната за Сесилија.
Во 2002 година деканот на Универзитетот Харвард изјавил: „Од нејзината смрт во 1979 година, жената која откри од што е направен Универзумот доби само спомен плоча. Сите средношколци знаат дека Њутн ја открил гравитацијата, дека Дарвин ја открил еволуцијата, но кога станува збор за составот на нашиот Универзум во учебниците стои дека најраспространетиот елемент во универзумот е водород. И никој никогаш не се запрашал како знаеме…“
Сесилија откако докторирала предавала на катедрата за астрономија, но нејзините предавања ги немало во каталогот за предмети, водела истражувања но без статус на ментор и нејзината мала плата била категоризирана од страна на Универзитетот под „опрема“.
Сесилија е родена во 1900 година во Вендовер, Англија. Во 1919 година добила стипендија за природни науки на Универзитетот Кембриџ. Иако Сесилија успешно ги завршила студиите, таа не добила диплома затоа што Кембриџ не им доделувал дипломи на жените до 1948 година.
Откако се запознала со директорот на Опсерваторијата на колеџот Харвард, Харлоу Шапли, одлучила да продолжи со кариерата во науката и да се пресели во САД.
Во 1923 година стана Национален научен соработник на Универзитетот Харвард во Кембриџ, Масачусетс. Две години подоцна, таа стана првата личност што докторирала на колеџот Редклиф во областа на астрономијата за постдипломски студии направени во Опсерваторијата на колеџот Харвард.
Нејзината револуционерна докторска дисертација, во која тврдела дека ѕвездите се главно составени од хелиум и водород, е доведена во прашање. Колегата астроном, Хенри Норис Расел, кој се сомневал во нејзината теорија, ја убедил Сесилија да не ја претставува својата теза, само да го објави нејзиното откритие во 1930 година како свое откритие.
На крајот, астрономите ја признале нејзината работа, Ото Струве ја опишал нејзината оригинална теза како „најбрилијантна докторска тезата некогаш напишана во астрономијата“. За жал на Сесилија не ѝ биле признаени и други откритија, кои подоцна биле потврдени од други научници и доделени на нив.
Сесилија ја добила титулата Астроном во 1938 година. Таа ја држела оваа позиција до 1956 година, кога станала првата жена професор на Харвард. Во 1956 година почнала да служи како претседавач на Одделот за астрономија на Универзитетот Харвард.
И покрај половата дискриминација со која се соочувала, Сесилија успеала и го отворила патот за другите жени да ја продолжат кариера во науката. Денес таа е позната како најголем женски астроном во историјата.