Роботот може да најде безброј примени, особено на места кои се тешко достапни. Тој сам си наоѓа пат, а преку него може да се достави вода, да се пренесе кабел или да се комуницира. Проектот е интересен затоа што научниците не се обиделе да направат робот што личи на човек, туку нешто сосема ново, што ќе ни помага, а нема да ни биде еден вид конкуренција.