Мумиите биле пронајдени на древните гробишта на Абусир ел-Мелек, долж западниот брег на реката Нил и тие датираат од пред 1.400 години пред нашата ера.
Добивањето на генетски информации од древните мумии се покажа како многу тешко, а некои научниции сметаа и дека е невозможно.
„Жешката египетска клима, високото ниво на влажност во многу гробови и некои од хемикалиите кои се користат во техниките за мумификација придонеле за деградација на ДНК и се сметаше дека долгорочниот опстанок на ДНК во египетските мумии не е можен,“ вели главниот научник во истражувањето Јоханес Краузе.
И покрај ова, ново истражување, покажа дека навистина е можно да се извлече ДНК од антички мумии, со што се отвори вратата за богатството на историски генетски податоци, кои можат да ни каже многу за потекло на древните Египќани.
Главната цел на истражувањето била да се утврди дали освојувањето од страна на Александар Македонски и другите странски сили влијаело врз древното египетско население. Истражувањето од ДНК анализата покажало дека не е така.
„Генетиката на заедницата од Абусир ел-Мелек не била подложена на големи промени во текот на 1300 години, што укажува дека населението останало генетски релативно непроменето од страна на Александар Македонски и останатите освојувачи,“ изјавил Волфганг Ханк од институтот Макс Планк .
Интересно е што сепак Египќаните се потесно поврзани со Европејците отколку со Африканците. “Сметаме дека античките Египќани се најтесно поврзани со неолитот и бронзеното доба, како и на неолитската Анадолија и населението во Европа”, велат истражувачите.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.