Знаењето никогаш не е толку цврсто и постојано како што се чини на прв поглед, а не сме ни ние. Теориите за физиката и механиката кои ја сочинуваат нашата вселена постојано се менуваат како што научниците се борат да ги поправат грешките во сложените математички равенки. Последниот таков обид довел до најнеочекуваниот резултат – последната актуелна теорија предлага дека сите сме холограми и дека вселената навистина е матрикс.

hl01

Оваа неверојатна теорија предлага дека трите димензии на просторот и четвртата димензија на времето се само прашање на гледна точка од која се согледува материјата, а не начин на кој таа навистина е подредена.

Теоријата за холограмот предлага дека сѐ околу нас, вклучувајќи нѐ и самите нас, сме само виртуелно отсликување на вистинските податоци од кои сме сочинети, а коишто се кодирани на некое друго место. Но бидејќи се наоѓаме во внатрешноста на симулација на вистинската стварност, од наша гледна точка на сите светот кој не опкружува ни изгледа како да е тродимензионален.

hl02

Секако, ова звучи крајно бизарно, а евентуалното помирување со овој факт нема да ви даде никаква супер моќ како на Нео. Но, математичките и воопшто научните пресметки кои застануваат зад оваа теорија се зголемуваат како што научниците се обидуваат да ја докажат или да ја демантираат оваа контроверзна теорија.

hl03

Дваесеттиот век беше период на огромни скокови нанапред во нашите обиди да ја разбереме вселената преку математички модели – но кај сите големи успеси кои ги знаеме постојат големи несовпаѓања.

Дури и најпозната од овие теории, теоријата за релативноста на Алберт Ајнштајн и теоријата на големата експлозија ставени заедно се побиваат во определени делови. Но, теоријата за холограмите ги пополнува празнините во равенките на квантната механика и избиструва многу од поранешните противречности.

hl04

Концептот за чување на вистинските податоци на друго место кој го предлага оваа теорија решава еден од најголемите прашања во современата квантна механиа: информацискиот парадокс на Стивен Хокинг.

Информацискиот парадокс го опишува збунувачкиот феномен на црните дупки. Тие како да ја голтаат материјата (т.е. „податоците“). Но, ако има конечно количество на податоци во вселената, црните дупки не би требало да можат да го прават тоа. Ако црната дупка само го голта холограмот на податоците кои се чуваат на друго место – тогаш тоа што мислиме дека го знаеме за црните дупки и тоа што мислиме дека го знаеме за количеството на податоци во вселената повеќе не си противречат едно со друго.

hl05

Оваа теорија не само што предлага решение за тоа каде одат сите тие исчезнати податоци, туку нуди и основно објаснување за складирањето и механизмите за пристап кон податоците преку споредба со современата компјутерска технологија. Концептот предлага дека најголемиот дел од информациите во вселената се компресирани податоци, како во .zip, .rar или .iso датотеки кои повремено се отвораат во дадено време – но сите имаат бекап варијанти со кои се задоволуваат сит други квантни теории за повеќекратните вселени, или т.н. мултиверзуми.

hl06

Кога холограмската теорија за првпат се појавила пред дваесет години, физичарите сѐ уште дебатирале за самата физичка природа на вселената – дали е рамен простор или е закрирена како седло?

Холограмската теорија навистина добро се совпаѓа со теоријата за закривеноста на вселената, но физичарите ја разгледуваат и другата можност, имено колку таа би се совпаѓала вселената да е рамна површина.

hl07

Неодамнешната работа во Виенскиот технолошки универзитет во соработка со Единбуршкиот универзитет, Харвард, МИТ и Универзитетот на Кјото било утврдено дека холограмската теорија би се совпаѓала и со опишувањето на вселената како рамната површина.

Тие поминале три години во изработување на модел на рамната вселена како холограф, и потоа уште еднаш ја провериле симулацијата. Не само што холограмската теорија била издржана, туку нејзиното присуство во симулацијата почнала да ти решава нејаснотиите во врска со ентропијата и врските помеѓу силите во квантната механика познати како „квантна заплетканост“.

hl08

Следниот чекор во потврдувањето на нашето постоење како во филмот Матрикс, во вид на „квантни точки во космичка фотошоп слика“, е да се утврди дали ние навистина ги гледаме холограмите такви какви што се.

Физичката материја каква што ја знаеме и гледаме е сочинета од милијарди честички материја кои се сите наредени да изгледаат како да се еден дел, слично како и пикселите на екранот. Но ако пикселите на материјата не се навистина присутни, туку се одрази на податоци на пикселите коишто емитуваат од друго место и постојано се поместуваат како што ние се поместуваме за да ги гледаме – физичарите мислат дека ние би можеле да говидиме тоа движење.

hl09

Тоа поместување тие го нарекуваат „холографски шум“ на видливата вселена. Виенскиот технолошки универзитет работи на најразлични ласеркси експерименти обидувајќи се да ги улови малите вибрации кои би можеле да посочат дека тоа што го гледаме е бафер, односно меѓумеморија како посредник за пренесување на податоци преку целата вселена од еден космички податочен сервер – како кога гледате телевизија на интернет која се емитува од некој сервер, но во навистина убедлива 3D технологија.

hl10

Дури ако ова е и вистина, тоа сепак нема да донесе некоја голема промена. Философските претпоставки за архетипски верзии на самите нас за првпат биле предложени од страна на Платон пред две илјади години. Математичкиот доказ дека ние сме развиен одраз на компресираната верзија на вселената не одговара ниту решава многу од егзистенцијалните прашања за создавањето и дизајнот. Но, холограмската теорија може да помогне во помрднувањето чекор понапред во создавањето на подобри холограмски симулации на нас самите.

Сподели на Facebook
пати видено