Броењето на ѕвездите во вселената е како да се обидувате да ги изброите зрнцата песок на некоја плажа – просто е невозможно. Иако според различни експерти има најразлични проценки за нивниот број, општа согласност е дека има најмалку 100-200 милијарди галаксии во нашата вселена. Размислете за тоа за миг, и потоа на тоа додадете ги милијардите ѕвезди во секоја од галаксиите.
Земете го на пример Млечниот пат, кој се протега околу 120.000 светлосни години (што значи дека на светлоста би ѝ требале 120.000 години за од едниот крај да допатува на другиот), и содржи до 400 милијарди ѕвезди. Во видеото подолу, тим научници собрале податоци за повеќе од 8000 галаксии околу таа во којашто ние живееме, Млечниот Пат. Ги мапирале движењата и местоположбата на секоја од галаксиите и откриле дека Млечниот пат е дел од еден џиновски систем кој содржи голем број други галаксии.
Кога ќе се загледате во бесконечноста на вселената, се јавуваат две мисли. Првата е, колку сме малечки во сиот тој огромен простор. А втората е, дали сме сами?