Иако 99 отсто од нашите гени се совпаѓаат со гените на шимпанзата, сепак нашиот мозок е три пати поголем од нивниот. Научниците веруваат дека за време на еволуцијата нашиот геном сигурно претрпел значителна измена за да се иницира толкав растеж на мозокот. Но за прв пат истражувачи од Германија успеаја да го идентификуваат генот кој е присутен само кај луѓето, благодарение на кои нашиот мозок е многу посложен отколку кај другите видови.

мз01

Научниците од Дрезден го откриле генот кој можеби е одговорен за појавата на голем број неврони, појава карактеристична само кај човекот. Кога овој ген вил вметнат во мозокот на ембрион на глушец (на сликата), тоа предизвикало формирање на многу повеќе неврони (обоени во црвено).

Научниците веруваат дека генот кај луѓето се појавил после разделувањето на нашите предци од шимпанзата на еволутивниот пат, пред повеќе од пет милиони години. Генот е познат како ARHGAP11B, и придонесува за размножувањето на клетките во субкортикалните јадра, поттикнувајќи зголемување на бројот на неврони во неокортексот.

мз02

Овој дел од мозокот има централна улога во резонирањето, способноста за јазична комуникација и сетилната перцепција. Истражувачите при институтот за молекуларна клеточна биологија и генетика Макс Планк изолирале различни субпопулации на клетки во човечкиот продолжен мозок и идентификувале кои гени во кои типови на клетки се активни.

Го забележале генот ARHGAP11B кој е присутен кај нашите најблиски роднини – Неандерталците и Денисова луѓето, но не и кај шимпанзата. Но сепак, најверојатно овој ген е само една од големиот број генетски промени кај луѓето кои човечката интелегенција ја направиле толку уникатна.

 

Сподели на Facebook
пати видено