За пет години ќе можат да бидат „растени по нарачка“ и човечки уши, тврдат јапонските научници кои прикажаа стаорец со уво на неговиот грб. Технологија развиена на универзитетите во Токио и Кјото би можела да се употреби како помош на децата родени со аномалии на лицето, како и на луѓето кои претрпеле подоцнежно оштетување на делови од лицето, било да се работи за гризнувања од животни, луѓе кои претрпеле несреќи или војници осакатени во борба.

st01

Со сегашната метода, увото се развива од `рскавица земена од ребро на пациентот. Но, за тоа се потребни повеќекратни операции, а плус тоа отстранувањето на `рскавицата е болно и градите никогаш целосно не закрепнуваат од тоа. Во споредба со тоа, за новата техника би биле потребни само мал број клетки како почетен материјал. Научниците започнале да претвораат матични клетки во клетки на `рскавица.

st02

Лабораториски развиена `рскавица потоа се обликува во мали топчиња и се става во пластични цевки во вид на човечко уво кои се прицврстуваат на грбот на стаорецот. После два месеци, пластичната рамка се распаѓа, оставајќи зад себе човечко уво кое лежи на грбот на стаорецот. Оваа техника е една од неколкуте слични кои се развиваат насекдае низ светот како начин за создавање на телесни органи, замена за истите оштетени при несреќи, од болест или пак биле закржлавени при раѓање.

Научници во Лондон успеале на овој начин да израснат нос, користејќи ја раката на пациентот како начин истиот да се храни, наместо да го ставаат на грбот на стаорец. На овој начин успеале да создадат и душник, па дури велат дека еден ден би можело да се одгледа и цело лице во лабораторија.

Сподели на Facebook
пати видено