Како дел од планот за контроверзната трансплантација на човечка глава која треба да се изврши оваа година, научниците успеале да пресадат глава од еден стаорец на друг.
Во овој вознемирувачки експеримент научниците од Кина успеале глава од помал стаорец да ја стават на телото на поголем стаорец и животното преживеало само 36 часа во таква состојба. Еден стаорец бил користен како донатор, друг како реципиент и третиот како донатор на крв.
Контроверзниот неврохирург Серхио Канаверо сака да го направи овој експеримент за да го избегне оштетувањето на мозочното ткиво кај човекот за време на операцијата, како имунолошкото отфрлање. слична постапка била правена кај мајмуни и кучиња, но ниту едно од животните не успеало да преживее повеќе од 24 часа.
Многу лекари го сметаат Серхио за неразумен, но тој е убеден дека до крајот на оваа година ќе успее да направи трансплантација на глава кај човек. тој смета дека ваквата трансплантација би била спас за луѓето кои што се парализирани од вратот надолу.
Првиот волонтер за ваков тип на операција е Валериј Спиридонов, Русија. Неговата глава би била замрзната за време на операцијата, за да не изумрат мозочните клетки и вените и артериите би биле посебно поврзани за да има доток на крв.