Ова откритие би можело да овозможи забавување, па дури и спречување на белеењето како што старееме. Никој не сака да оседи, но иако бојата за коса може да помогне да ги маскирате неизбежните знаци на стареењето, научниците откриле нешто што би можело да доведе до трајно решение за проблемот. Истражувањето се состоело од собирање и анализирање на ДНК од 6000 волонтери од повеќе континенти, со обид да се открие генот кој предизвикува губење на бојата на косата.

bk

„Веќе знаеме дека неколку гени се вклучени во паѓањето на косата и нејзината боја, но за првпат е идентификуван генот за белеење кај луѓето, како и други гени кои влијаат врз обликот и густината на косата“, вели водечкиот автор д-р Каустуб Адхикари. „Ова стана возможно бидејќи анализиравме најразлични луѓе, што никогаш порано не било правено во вакви размери.“

Иако откривањето на овој ген со сигурност е добар почеток, научниците веруваат дека има и многу други генетски чинители, како влијанија од средината, коишто се одговорни за белеењето на осата како што старееме.

„Гените кои ги идентификувавме тешко дека се изолирани како чинители кои предизвикуваат белеење на косата… но имаат улога заедно со многу други чинители кои допрва треба да бидат откриени“, вели д-р Адхикари.

Сподели на Facebook
пати видено