Револуционерното постигнување ќе овозможи луѓето кои не можат да зборуваат да се здобијат со „гласовен трансплатант“. Научниците за прв пат успеаја да одгледаат човечки гласни жици во лабораторија – научно достигнување кое би можело да им обезбеди надеж на илјадници луѓе кои ја изгубиле способноста да зборуваат.

Гласните жици кои произведуваат звуци коишто многу наликуваат на природниот глас произведен во човечкиот грклан, биле произведени со употребата на два вида клетки пораснати околу специјално „биолоко скеле“.

gz

„Нашите гласни жици се направени од специјално ткиво коешто е доволно еластично за да вибрира, а сепак доволно силно за да се удираат помеѓу себе илјадници пати во секунда“, вели истражувачот Натан Велхам при универзитетот на Висконсин-Медисон. „Тоа е исклучителен систем и е тешко да се направи негова копија.“

Научниците кои стојат зад овој пробив се надеваат дека ќе успеат да направат разновидни синтетички гласни жици достапни за лекување на пациентите коишто страдаат од најразлични гласни дефекти.

„Дел од предноста во употребувањето на вештачки произведено ткиво е тоа што можеме да ја прилагодуваме големината и да направиме ткивото да одговара на дефектот, како и да ја усогласиме големината на маж, жена или дете, во зависност од примателот“, вели д-р Велхам.

Сподели на Facebook
пати видено