Еден мудар старец минувал по патот покрај едно убаво село и толку му се допаднало дека одлучил да остане да живее во него. Тој ги сакал децата и поминувал многу време со нив. Покрај тоа, тој сакал и да им дава подароци, но секогаш им подарувал само кревки и кршливи предмети.
Колку и да се труделе децата да си сочуваат подароците тие секогаш се кршеле во нивните раце. Децата биле тажни и плачеле. Времето си течело и мудрецот продолжил да им подарува играчки на децата, но колко поголеми станувале децата толку станувале и покревки и кршливи играчките кои им ги давал.
Родителите не издржале и отишле кај него, за да го прашаат зошто постапува така:
„Ти си мудар човеки знаеме дека им го посакуваш само најдоброто на нашите деца, но зошто им даваш такви подароци? Тие се трудат да ги чуваат, колку што можат, но играчките покрај сè се кршат и децата страдаат. А играчките се толку убави, што тие не моќат да одолеат, а да не се играат со нив.“
Мудрецот се насмеал и им одговорил:
„Не разбирате. Тие ќе пораснат и наскоро некој ќе им го подари срцето. Можеби, тоа што го правам сега, ќе ги научи да бидат многу внимателни со скапоцениот подарок кој ќе го добијат, кога ќе дојде време.“