НАТО ризикува нуклеарна војна со Русија за една година доколку не ги зголеми своите одбранбени капацитети во балтичките земји, тврди еден од највисоките пензионирани британски офицери. Генерал Ричард Ширеф, кој служел како заменик врховен командант на НАТО во Европа во периодот од 2011 до 2014 година, вели дека напад врз Естонија, Литванија или Латвија – сите членки на НАТО – е сериозна можност и дека Западот би требал да дејствува за да се спречи „можна катастрофа“.

rn01

Тој напишал книга со измислени собитија наречена „2017, војна со Русија“, но во интервју за Радио 4 на Би Би Си изјави дека случувањата опишани таму се „целосно возможни“. Генерал Ширеф вели:

„Морничавиот факт е дека Русија го врзува нуклеарното расудување и капацитет со секоја гледна точка од нивниот одбранбен капацитет, а тоа ќе значи нуклеарна војна. Претседателот Путин треба да го цениме според неговите дела, не според неговите зборови“, додава тој. „Тој ја нападна Грузија, го присвои Крим, ја нападна Украина. Тој употреби сила и се извлече со тоа. Во период на тензии, напад врз балтичките земји…е сосема возможен.“

Земјите членки на НАТО би биле обврзани според Член 5 од основачкиот договор да стапат во одбрана на друга членка доколку таа биде нападната. Генерал Ширеф кажа дека претседателот Путин би можел да се поведе по впечатокот за слабост на НАТО, и предвидува дека, наводно исто како и со Крим, своите дејства ќе ги претстави како чин на одбрана, т.е. да ги заштити големите руски малцинства во тие земји.

НАТО веќе постави одбранбени капацитети во балтичките земји, но ген. Ширеф вели дека е потребно „да се крене летвата доволно високо за било кој агресор да си каже дека не вреди да се ризикува. Би рекол дека во овој миг таа не е доволно висока“, додава тој.

Во предговорот на својтаа книга, генерал Ширеф е критичен кон намалувањето на средствата за одбрана во Велика Британија, пишувајќи: „Една земја позната по тоа што зборуваше тивко и носеше голем стап…сега има лидерство кое вика гласно, но благодарение на штедењето во одбранбениот сектор, носи сѐ помал и импотентен стап.“

Сподели на Facebook
пати видено