НАТО испрати 31 000 војници и стотици тенкови и авиони да земат учество во најголемата воена вежба во источна Европа уште од завршуваето на Студената војна. Во двонеделните воени маневри наречени Анаконда ќе учествуваат 24 НАТО земји, како и кандидатки за членство во алијансата, меѓу кои и Македонија, а покрај нив и Украина.

Иако НАТО практично во целост ја прекина соработката со Русија по нејзината интервенција во Украина, алијансата предводена од САД изјави дека ќе продолжи да одржува контакти со Кремлин во очи нејзиниот самит кој ќе се одржи на 8-9 јули. Но, минатиот месец Москва и Вашингтон почнаа да се обвинуват едни со други за агресивно присуство во северна Европа и за поставувањето на противракетниот штит во Роанија и Полска, кој Русија го смета за директна закана упатена кон неа, и покрај тоа што САД уверуваат дека намената на овој штит е да биде заштита од т.н. „непријателски земји“ од Блискиот Исток. Од Кремлин велат дека до крајот на годинава ќе постават три нови дивизии на западните и јужните граници на земјата како одговор на засилувањето на военото присуство на НАТО на границите на Русија.

nt01 nt02 nt03 nt04 nt05 nt06 nt07 nt08 nt09 nt10 nt11 nt12 nt13

Сподели на Facebook
пати видено