Наставник во основно училиште од Њу Џерси е фатен на сриена камера како им нуди дрога на новинари кои работеле под прикритие. Роберт Клајн, наставник по физичко и здравствено образование бил снимен како ги прашува новинарите дали сакаат кокаин откако ги поканил на забава во неговата хотелска соба за време на една образовна конференција.

Клајн исто така бил снимен и како на неговите ученици им вели да се обидат „природно да се чувствуваат возбудено место да земаат дрога“. Но, затоа на новинарите им понудил малку „шмркање“.

dg01

„Ако сакате малку, можете да добиете. Батка, ако сакаш да вкусиш, не срами се. Земи малку“, вели „совесниот“ наставник кој исто така се пофалил и дека е добар домаќин бидејќи има снабдување со кокаин во неговиот дом.

„Дојдете кај мене дома ноќе, а во мојата соба дојдете сега. Имам пијачка, имам вода, имам и за шмркање дома, што и да посакате, сѐ имам таму“, вели тој. „Јас сум добар домаќин и го имам тоа ср*ње кога ќе дојдете кај мене дома.“ Покрај тоа, се пофалил и како неговата работа како наставник по здравствено образование, учејќи ги децата за опасностите од дрогата, го научила како да избегнува да биде фатен од полицијата со дрога со себе.

„Демек, работам со полицијата во училишниот реон со кучињата за дрога, и тие не учат, ве учат како кучињата ја душкааат дрогата. Не ставаме дрога во мојата кола. За шмркот – различно е тоа. Го ставаш во џебот и ништо…Луѓето го мешаат со разни нешта, па има различни мириси.“

dg02

Клајн учествувал на конференција на Здружението за образование на Њу Џерси, одржана во Атлантик Сити 2015, кога поканил маж и жена репортери, и двајцата на тајна задача, во својата хотелска соба. Во еден миг Клајн се посомневал дека се ожичени, но и покрај проверката, не успеал да најде ништо.

И покрај отворената дискусија за дрогата, наставникот бил свесен за можните последици од поседуваето кокаин врз неговата кариера.

„Јас сум наставник. Нема да си го зае*ам животот“, вели тој. Подоцна истиот тој наставник бил снимен како им држи лицемерна лекција на ученици, при што ги советувал да ја избегнуваат дрогата и место тоа да се обидат да вежбаат.

„Сакаме да ја добиете оваа можност да добиете образование за дрогите и здравјето и сите овие програми со помош на кои бидете настрана од дрогите“, им кажал тој на средношколците во говор за кој добил лажна награда за зголемување на свеста за злоупотребата на дрога, која му ја доделил новинарот Џемс О`Киф, кој позирал како едукатор. „Наместо тоа, мислете на вежбање, пробајте некој спорт, најдете нешто што ќе направи да се чувствувате добро поради самите вас, што природно ќе направи да се чувствувате убаво место да се дрогирате.“

dg03

Во моментот ниту властите, ниту од училишната управа, ниту скандалозниот наставник се достапни коментари и сѐ уште не е познато што ќе се случува со него.

Сподели на Facebook
пати видено