Минатиот петок беше ден за сите нешта натприродни работи затоа што тогаш на небото се појави полната месечина наречена „Месечина на жетвата“.
40-годишната Мелиса Бауман, од Верем, Масачусетс, ја гледала месечината и решила да ја фотографира.
Наставничката и мајка, ги направила фотографиите од својата дневна соба, но кога ги погледнала се зачудила кога забележала дека изгледа како до месечината да има луѓе. На фотографијата се прикажани две фигури кои шетаат кон Месечината, додека третата „ги поздрави“ со ракување.
Таа веднаш помислила дека тоа се нејзините неодамна починати баба и дедо и дека ова е знак од нив како тие влегуваат во рајот. Кога се прибрала од возбудата решила да се доближи до прозорецот и тогаш сфатила во што е работата.
Луѓето на месечината се всушност дамки од прсти на неисчистениот прозорец. Тогаш ѝ паднало смешно за нејзината помисла, но вели дека чувството сепак било добро. Сепак таа верува дека иако ова не е фотографија од рајот, има некоја мистична причина зошто ѝ се појавила во таква форма и во таков момент.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.