Помалку од 250 луѓе, всушност, ја посетиле Меѓународната вселенска станица (МВС). Но, благодарение на нов проект оваа задоволство ќе биде достапно за луѓето од сите страни на светот.
На филмскиот фестивал Санденс TIME и студиото Felix & Paul Studios го најавија својот проект наречен „МВС искуство“. Со помош на овој проект секој ќе може да шочувствува како е да се биде астронаут.
Станува за проект со виртуелна реалност, каде што корисниците ќе можат да доживеат прилично релано патување во вселената и да видат како функционира животот на МВС. Двете компании соработуваат заедно со авио-вселенската компанија NanoRacks и Центарот за унапредување на науката во вселената (CASIS), непрофитна организација која управува со Националната лабораторија на МВС за НАСА. Тимот испратил две камери од 360 степени, кои направиле извонредно видео добро прилагодено за комплет за виртуелна реалност, преку капсула SpaceX Dragon.
Во текот на оваа година ќе бидат испратени уште камер кои ќе служат да се сними првата прошетка низ вселената, која ќе биде искористена во виртуелната реланост. Целта е да бидат снимени 184 часа исполнети со активности на екипажот во текот на следните 9 месеци. Се очекува проектот да биде готов во 2020 година.