Во реалноста познат како Руапеху, овој огромен, активен вулкан е најголемиот во Нов Зеланд. Се наоѓа во националниот парк Тонгариро, и откако бил искористен за сцените во „Господарот на прстените“ како „Мордор“ или „Проколнатата планина“, бројот на посетители на ова одредиште значително порасна.

vl

Поминаа шест години по неговата последна ерупција, но сега има сериозни показатели – вклучително и температурите во пораст, како и зголемата гасна активност – дека тоа пак би можело да се случи во блиска иднина.

Како резултат на ова, властите ги предупредуваат туристите извесно време да го избегнуваат регионот.

„Руапеху веќе извесно време се наоѓа во прв степен на тревога, но решивме тоа да го кренеме откако езерото во кратерската зона почна многу брзо да се загрева, со разлика од 20 степени за само две седмиц“, вели новозеландскиот вулканолог Џеф Клигур.

„Веруваме дека ова може да се развие во уште поголем настан, па така се согласуваме дека планинарите треба да го земат предвид нашиот совет пред да се решат да патуваат во националниот парк.“

Сподели на Facebook
пати видено