Индикатор на шофершајбната кој го има во голем дел на новите автомобили потекнува од борбените авиони, каде што виталните информации кои се проектираат на екранот пред очите на пилотот можат да спасат живот во ови смртоносни ситуации. Индикаторите на шофершајбната функционираат со проектирање информации на шофершајбната, за да може возачот јасно да ги види без да го одврати погледот од она што е пред него. Благодарение на овој систем немаме голема потреба од нашиот смартфон, но оваа технологија оди напред за целосно да може да ги заборавиме паметните телефони.

Овие индикатори се корисни затоа што се потпираат на внатрешниот систем на автомобилот, а потоа ги проучуваат најважните податоци, без разлика дали тоа значи брзиномер, насоки за навигација и / или радио информации директно видното поле на возачот. Индикатор  моментално има Mazda 3 седан, MINI Cooper, Chevy Camaro и Toyota Prius.

Но сега се спрема нова технологија со која нема да имате потреба да погледнете на страна во ниту еден момент. Пред 5 години израелската стартер компанија Мишор беше еден чекор кон оствараување на целта, откако смислиле начин како возачите на мотори да „возат како пилоти“, со индикатор кој покажува графички проекции на насоки напред. Компанијата Форд дури сакала да ги откупи правата, но зделката се распаднала иако идејата на компанијата Мишор продолжила да живее.

Неодамна, “Јагуар” и “Ленд Ровер”, исто така, почнаа да провоцираат со слична технологија која нуди концепт на „виртуелно ветробранско стакло“, искуство слично на видео игра кое би можело да ви помогне и на тркачката патека.

Со појавата на паметните телефони возачкото седиште стана центар за несакано одвлекување на вниманието. Освен информациите за автомобилот, пратите и повици, пораки и голем број на други апликации кои Ви го одземаат времето и фокусот. Шофершајбната во текот на наредните години со сигурност наскоро ќе стане најважниот дел од Вашиот автомобил.

Сподели на Facebook
пати видено