Мајкл Конрад е матурант во средното училиште Тајлорсвил во Саут Лејк, Јута. Тој има аутизам и хиперкинетичко пореметување. Еден ден прред вратата на Мајкл имало порака во која една девојка од училиштето го кани да ѝ биде партнер на матурската забава. Тој бил пресреќен, сѐ додека не ја дознал вистината.
Кога ѝ пристапил на девојката таа му кажала дека не ја испратила таа пораката и дека веќе одамна има партнер за матурската забава и дека некој намерно решил да се пошегува со него на овој суров начин. Момчето било видно разочарано, како и неговите родители и професори.
Тогаш една од неговите професорки, Џен Паломино решила да му помогне на момчето на убав начин да им се „одмазди“ на злобните деца. Таа ја контактирала „Мис Саут Лејк“, Дексона Талбот и ѝ ја раскажала приказната за момчето на убавицата, а потоа ја замолила таа да му биде партнерка за матурската забава.
Дексона која ќе се натпреварува за Мис Јута наредниот месец веднаш ја прифатила понудата на професорката. Таа изјавила: „Веднаш штом слушнав за ова сакав да направам нешто. Јас автомаски почнав да плачам поради фактот дека некој толку би се потрудил за некој да се чувствува лошо, тоа ми го скрши срцето.“
Убавицата дури дошла во училиштето на Мајк и додека бил на час влегла во училницата со знак и го прашала дали ќе сака таа да му биде партнерка за матурска. Момчето прифатило и како што вели и Дексона одлично си поминале. „Мајкл ти си единствен. Јас сум толку почестена од оваа искуство. Училишното малтретирање е заникаде, а добрината секогаш победува.“, напишала Дексона.
Мајката на Мајкл изјавила дека уште не знаат кој ја извел суровата шега, но вели дека повеќе не е битно и дека треба да се фокусираат само на позитивните работи.