Ученик во технолошкото училиште во рускиот град Нерјунгри ќе биде исфрлен од училиштето по итна постапка, затоа што во понеделник го удрил својот професор со тупаница по глава. На инцидентот му претходела расправија во врска со слушање музика на час, поради тоа што ученикот одбивал да ги извади слушалките од уши и покрај тоа што професорот повеќе пати го побарал тоа од него.
Откако му преседна да го моли, професорот доста грубо самиот му ги тргнал слушалките на ученикот, на што младиот насилник одговорил со напад. Но, реакцијата на неговите соученици ги изненади сите. Потоа се дознало дека ученикот и порано бил склон кон проблематично однесување. Руските медиуми пренесуваат дека гаѓал еден професор со столица, но и дека физички се пресметувал со соучениците кога нешто не му било по волја. Против него било покрената дисциплинска постапка, како и против ученикот кој се кикотел и ја снимал тепачката.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!